Историјата на Schmitz Cargobull

Историјата на Schmitz Cargobull

Иднината бара потекло. Историјата на Schmitz Cargobull како семејна компанија е оформена благодарение на успешните иновации.

Изберете една од категориите:

  • 1892 - Основач на фирмата Франц Хајнрих Шмиц

    Во 1892 година, Франц Хајнрих Шмиц од својот татко презеде мала селска ковачница во Алтенберге, Минестерланд и ги постави темелите на денешниот европски лидер во производство на приколки. Местото Алтенберге, со царински центар, се наоѓало на „Hollandischen Chaussee“. Нерамен пат водел дотаму низ планините. Денес таквите трговски пречки би биле кошмар за секој логистичар. Но на предците на сите „Шмицовци“ им биле од голема корист. Патниците морале да се одморат, а Франц Хајнрих Шмиц се грижел –уште оттогаш насочен кон клиентите и услугите –за потковиците и оштетените железни облоги за дрвените тркала на коњските коли.

    Pferdefuhrwerk


  • 1935 - започнува производството на приколки

    Во 1935 година, Шмиц ја направил својата прва приколка. Индустријата за наменски возила добила повеќе на значење во Германија и „Schmitz-Anhänger“ се концентрирала целосно и само на брзо развивање на конструкциите и индустријата со приколки.

    Erster Anhänger

  • 1940 - Јозеф и Август Шмиц

    Во 1940-те години фирмата ја презеле синовите Јозеф и Август Шмиц. Јозеф Шмиц го водел производството, наоѓал решенија за најкомплицираните проблеми и постојано ја проширувал производната палета. Август Шмиц се грижел за продажба и ги посетувал купувачите и доставувачите.

    Josef und August Schmitz

  • 1970 - Семејствата Шмиц и Хофман

    На почетокот на 1970-те години кормилото го презема третата генерација. Д-р. Хајнц Шмиц како трговец и Петер Шмиц како инженер и конструктор започнуваат да ја водат компанијата. За својата растечка компанија им бил потребен уште еден експерт за продажба и маркетинг. Бернд Хофман се придружил на компанијата во 1974 година и ги презел активностите за продажба.

    Bernd Hoffmann, Heinz Schmitz und Peter Schmitz

  • 1980 - Преселба во индустриската област Алтенберге

    Стратегиите за продажба биле успешни, бројките се зголемувале, па затоа имало потреба од поголеми производни површини. Капацитетот на производството во главната фабрика во Алтенберге не бил доволен. 1980 дошло до промена на локацијата на производството. Schmitz-Anhanger изградиле нова фабрика според модерни стандарди во индустриската област на Алтенберге.
    Neuer Standort in Altenberge

  • 1998 - Синиот слон

    Бројките силно се зголемување и Schmitz-Anhänger се претворила во меѓународна компанија. Германскиот збор „Anhänger“ не е разбирлив на другите јазици и тешко може да се изговара поради умлаутот „ä“. Затоа е заменет со зборот „Cargobull“. „Cargo“ означува товар, а „bull“ синиот слон. Во декември, 1998 година, Schmitz-Anhänger официјално се ребрендираше во Schmitz Cargobull.

    Altes und neues Logo Schmitz Cargobull

  • 2017 - Schmitz Cargobull celebrates 125th anniversary 
    Schmitz Cargobull celebrates its 125th anniversary in the 2017/2018 financial year, writing a lasting success story in the world of transport. Since 1892, the company has grown from a blacksmith's shop to Europe's leading trailer manufacturer. The anniversary year will be celebrated in national events at Schmitz Cargobull locations across Europe from September 2017.

  • 1950 - Порастот на „термос-возилата“
    Со 1950-те години започна една динамична декада.
    Економското чудо ѝ овозможи на компанијата Schmitz-Anhänger брз напредок и силни бројки на продажба. Ново на понуда: Возила со ладилници за транспорт со соодветна температура, таканаречени термос-возила.
    Thermoswagen Schmitz Cargobull
  • 1955 - Почеток на сериско производство

    Уште од порано се знае дека треба иновативно да се пристапи кон потребите на клиентите, но постојано треба и производството да се модернизира. Еден од првите поголеми договори дошол од германската сојузна пошта и со директна потреба од нови вештини од страна на Schmitz-Anhänger. Со овој договор Schmitz-Anhänger преоѓа во сериско производство. Специјалните приколки за транспорт на телеграфски бандери се конструирани на тој начин што се поставени на два ката и може да се постават како вагони за понатамошен транспорт.

    Alte Projekte von Schmitz Cargobull


  • 1973 - време на цистерни

    Откако земјите произведувачи на нафта нарачуваат возни паркови од 1973 година, Schmitz-Anhänger регистрира двоцифрен пораст од година во година. Стотици цистерни и ладилници се нарачани од Блискиот Исток. Сериското производство се надградува постојано. До доцните 1980-ти години, Schmitz-Anhänger има и цистерни во својата производна палета.

    Tankfahrzeug Schmitz Cargobull

  • 1984 - Проектот „Големата река изградена од човек“
    Schmitz-Anhanger е еден од ретките произведувачи, што можеше да испорача приколки со платформа за изградбата на 4000 km долгиот водовод во Либија. Населението во големите градови во Либија имаше итна потреба од чиста вода за пиење. Со скоро 300 Schmitz-приколки со платформа, Либија можеше да спроведе водовод со 6 милиони km? вода на ден, правовремено да го заврши и да го снабди населението со вода за пиење. Проектот беше наречен уште и 8-мо светско чудо.
    Проект за голема река изградена од човек
  • 1994 - приколка со тврда страна, кипер, приколка со церада, контејнерска шасија

    Се имплементира стратегијата „Пораст со жртва“. Произведувачот на приколки се концентрира на четири многу продавани линии на возила: приколка со церада, возила со тврда страна, кипери и контејнерски шасии. На тој начин со 20% од претходниот производен асортиман може да се покријат 80% од пазарот.

    Wachstum durch Verzicht

  • 1999 - Schmitz Cargobull во Литванија

    Во 1999 година Schmitz Cargobull ја презема фабриката во Паневежис, Литванија. Со тоа преземање компанијата е застапена и во Источна Европа. Паневежис е најголемото странско претставништво на Schmitz Cargobull. Со 325 вработени, овде се произведуваат полуприколки со тврда страна, возила со церада и панели FERROPLAST®.

    Werk Panevezys Schmitz Cargobull

  • 2002 - Schmitz Cargobull во Шпанија

    По значајните зголемувања на продажбата на шпанскиот и португалскиот пазар, Schmitz Cargobull поставува пример со новата фабрика во Сарагоса (Шпанија). Ги следиме нашите купувачи. Во моментот во Schmitz Cargobull во Шпанија работат 161 лице и произведуваат полуприколки со тврда страна и со церада.

    Werk Zaragoza Schmitz Cargobull

  • 2017 - Schmitz Cargobull во Турција
    Во април, 2017 година започна производството на полуприколки со церада во Адапазари, Турција. Во истата година започна и производството на полуприколки со тврда страна и полукипери. Официјалното отворање на мултипроизводната фабрика е во октомври, на годишнината. Со модерната производна линија и успешната понуда на услуги, Schmitz Cargobull сега е застапена и во Јужна Европа.
    Фабрика Турција Schmitz Cargobull
  • 2019 - Schmitz Cargobull Australia

    In 2019, our factory in Melbourne (Australia) was opened. Here we have been producing our cooling units and box bodies.

  • 2021 - Schmitz Cargobull Great Britain

    In 2021, our factory in Manchester (Great Britain) was opened. In addition to our curtainsider semi-trailers, we have also been producing the S.KO PACE SMART since November 2021. The fully modular dry freight semi-trailer is particularly suitable for our British and Irish customers and has been adapted to their customer needs.

  • 2022 - New expanded plant in Zaragoza

    The new plant for curtainsiders, reefer semi-trailers and dry freight semi-trailers covers a total area of around 104,000m2. About 20,000m2 will be used for production and logistics, office space and for the delivery of new and used vehicles. In the new assembly facility, Schmitz Cargobull produces curtainsiders S.CS, reefer semi-trailers and dry freight semi-trailers S.KO with a capacity of 60 units/day (20 units per shift) on just one production line. Schmitz Cargobull invested around €16.6 million in the new production facility. A hi-tech photovoltaic system supplies the energy for the new production site.

    Schmitz Cargobull, Werk Zaragoza, Spanien, Produktion

     

  • 2023 - Joint Venture "Cargobull North America"

    Two market leaders combine their know-how: Schmitz Cargobull and the US trailer manufacturer Utility Trailer Manufacturer Company LLC have founded a joint venture - "Cargobull North America" (CBNA). As a first step, the partners have developed two transport refrigeration units (TRUs), based on the Schmitz Cargobull S.CU. The 625 Hybrid and 655 MT (Multi Temp) are specially designed to meet the strict emissions requirements of California. The units come equipped with Schmitz Cargobull’s TrailerConnect® telematics system, which is exclusively installed in Utility Trailer's refrigerated trailers.

     

  • 1936 - Фотографија од персоналот

    Основачот на фирмата Хајрних Шмиц на својот 80. роденден со целиот персонал. Во тоа време во компанијата имало околу 75. Синовите Август и Јозеф Шмиц во меѓувреме го презеле раководството на компанијата.

    Belegschaft Schmitz Cargobull 1936

  • 1936 - 2017 постојан пораст на вработените
    Бројот на вработени во Schmitz Cargobull постојано се зголемува. На почетокот мал семеен бизнис, а денес Schmitz Cargobull се вбројува во најголемите работодавци во Минстерланд и има претставништва во цела Европа.

    Belegschaft Schmitz Cargobull
  • 2017 - Семеен совет на Schmitz Cargobull AG
    Семејствата Шмиц и Хофман во компанијата ги претставуваат лицата: Андреас Шмиц, Бернхард Шмиц и Дирк Хофман. Семејниот совет е најважното владејачко тело во компанијата. Ги поставува стратешките параметри на Schmitz Cargobull AG.

    Семеен совет на Schmitz Cargobull AG
  • 2022 - Schmitz Cargobull expands its Board of Management

    The Schmitz Cargobull AG Supervisory Board has appointed Marnix Lannoije as an additional new member of the Management Board with effect from 01.10.2022.

     

  • 1937 - Schmitz-оската со траг
    Еден од првите и најуспешни патенти е „Schmitz-оска со траг“.
    Во 1937 година, Schmitz-Anhanger привлекла внимание на национално ниво со своите технички одлики. „Schmitz-оската со траг“, самоводечка оска за троосни приколки, за првпат е претставена на меѓународниот изложбата за автомобили IAA во Берлин, 1937 година. Новото развивање ? помогнало на компанијата Schmitz-Anhanger да ја подобри репутацијата во индустријата и има големо влијание врз порастот на компанијата.
    Schmitz Spuraggregat
  • 1978 - Пионерска изолација на возилата
    Schmitz-Anhanger ги патентираше пенлите од FERROPLAST® во 1978 година, коишто овозможуваат совршена изолација на приколките со ладилници. Со оваа пионерска технологија, Schmitz-Anhanger реши цела редица тешкотии, коишто им предизвикуваа проблеми на сите произведувачи на возила со ладилници. Економскиот успех на панелите што не пропуштаат пареа наспроти веќе вообичаената пластика засилена со фиберглас повторно ги зголеми бројките на компанијата. Полуприколките со тврда страна од Schmitz Cargobull со тоа се покачиле над 70 проценти во Германија.FERROPLAST
  • 1993 - Конструкцијата со променлива висина
    FLEXOS –променлива висина на приколките за променлива висина на петтото тркало.
    Различни земји имаат потреба од различни транспортни решенија. Со технологијата FLEXOS, Schmitz Cargobull конструираше конструкција со променлива висина, којашто може да се приспособи на различните потреби во земјите.
    FLEXOS
  • 1999 - Крај на ерата на заварените шасии
    Со воведувањето на иновативниот модуларен систем MODULOS заврши ерата на заварените шасии.
    Отсега па натаму шасиите не се заваруваат, поставуваат нитни или зашрафуваат, туку се спојуваат силно и цврсто со специјални завртки што не се олабавуваат. Благодарение на оваа техника на спојување, поединечните делови претходно се подготвуваат, обложуваат и спојуваат без да се оштети антикорозивната заштита.
    MODULOS Chassis
  • 2004 - Телематика за приколка
    Телематиката за приколка создава перспектива во транспортот на стоки. Schmitz Cargobull започна како еден од првите произведувачи на приколки со свој систем за телематика. Овој независен систем ги пријавува сите податоци за управување со приколката. Од споделувањето локација, километражата, состојбата на кочници и притисокот во гумите до настанатите трошоци за одржување. Со TrailerConnect® се постигнува максимална транспарентност на податоците низ целиот возен парк.
    Trailer Telematik
  • 2010 - брзо - цврсто - без многу одржување
    Системот за церада SPEED CURTAIN се отвора или затвора само 35 секунди и со тоа е побрз од сите други системи за церада.
    За разлика од класичните лизгачки церади, SPEED CURTAIN се води и на горната и на долната страна, а со тоа е и побрз, поцврст и нема потреба од многу одржување. Исто така, ги нема проблематичните отвори на каишите на церадата, а со фиксирањето на горната и долната страна подобро се пренесува силата, што за возврат го подобрува прицврстувањето на товарот. SPEED CURTAIN заштедува вредни минути и овозможува повеќе флексибилност и ефикасност во планирањето на возниот парки и пред сe овозможува безбедност при работата. Возачите не мораат да влегуваат на товарната површина при товарање и истоварање и малите вградени столбови ја намалуваат опасноста од повреди поради столбови и потпорни летви што може да паднат.

    SPEED CURTAIN
  • 2012 - Комплетно решение за транспорт со соодветна температура
    Schmitz Cargobull како произведувач на приколки разви свој ладилник, а со тоа овозможува достоен систем за транспорт на ладна роба. Со своето развивање, Schmitz Cargobull постави нов стандард во индустријата. Помала потрошувачка на енергија, поголема прецизност при регулирањето на температурата и трајниот дизајн на сите компоненти се основни карактеристики на транспортниот ладилник на Schmitz Cargobull.

    S.CU Cooling Unit
  • 2014 - Повеќе модуларност, флексибилност и безбедност
    Новата генерација на приколки поставува стандарди во стабилноста и ракување. Високиот квалитет на шасијата, конструкцијата и опремата овозможува беспрекорно извршување на транспортните задачи и е фактор за успеџ во логистичката индустрија. GENIOS претставува совршено приспособен модуларен систем, којшто може да се комбинира низ целото возило. Со разните модули на каросеријата, шасијата и конструкцијата може да се создаваат голем број варијанти, со прецизност и брзина на модерно производство.

    GENIOS
  • 2018 - S.KO COOL SMART

    Ниските работни трошоци овозможуваат полуприколката со тврда страна S.KO COOL SMART да биде долгорочно исплатлива. Приколката овозможува максимална безбедност на товарот, безбедно ракување при соодветна температура и кратко време поминато на рампа. Сериски телематика TrailerConnect® овозможува транспарентност и постојана документација при транспорт со ладилници.

    Полуприколка со тврда страна S.O COOL SMART со вградена телематика

  • 2021 - Eco Generation

    Rethinking sustainability – this is the motto of Schmitz Cargobull’s new EcoGeneration vehicle concept.

  • 2022 - More than 40 innovations at the IAA
    Under the motto "Innovations for Transport Efficiency", Schmitz Cargobull is presenting a holistic portfolio of innovative new products and services, which above all increase economic efficiency for users. The product innovations focus on aerodynamics to reduce emissions and costs, cooling efficiency for temperature-controlled freight, reducing vehicle weight while maintaining robustness, and the use of telematics data for greater process efficiency.

  • 2023- New Hybrid Transport Refrigeration Units for USA

    Schmitz Cargobull and the US trailer manufacturer Utility Trailer Manufacturer Company LLC have founded a joint venture - "Cargobull North America" (CBNA). As a first step, the partners have developed two transport refrigeration units (TRUs), based on the Schmitz Cargobull S.CU. The 625 Hybrid and 655 MT (Multi Temp) are specially designed to meet the strict emissions requirements of California. The units come equipped with Schmitz Cargobull’s TrailerConnect® telematics system, which is exclusively installed in Utility Trailer's refrigerated trailers.