Насипните товари имаат разни физички карактеристики. Песок, чакал или жежок асфалт претставуваат посебен предизвик за возилото. Schmitz Cargobull нуди разни конструкции на кипери од алуминиум или челик со или без термоизолација.
S.KI LIGHT
Насипниот товар со ситен гранулар може чисто безбедно и без оштетување да се пренесува во алуминиумската конструкција S.KI LIGHT .
Алуминиумската конструкција на полукиперот S.KI LIGHT со целосна термоизолација според DIN 70001 е транспортно решение со оптимална носивост за изградба на патишта.
Универзално и солидно решение за транспорт на разни градежни материјали. Полукиперот S.KI SOLID со заоблена челична конструкција се одликува со својата голема издржливост.
Термоизолацијата овозможува одлична изолација и голема стабилност на вредностите. Благодарение на ниската тежинска точка на конструкцијата, возилото има подобра позиција на патот и поголема стабилност при кипење. Конструкцијата е сериски опремена со опција за мерење температура на четири точки низ страничните отвори. Дополнително: Подготовка на електронско мерење
Конструкцијата за моторен кипер M.KI со челична заоблена конструкција се универзално решение за транспорт на насипен товар. Киперот се одликува со голема издржливост и е соодветен за градежни материјали.
Моторните возила со кипери M.KI со заоблена конструкција од челик и целосна термоизолација според DIN 70001 овозможуваат оптимизиран транспорт на помали количини асфалт при изградбата на патишта.