Со телематика безбедно до целта

Со телематика безбедно до целта

Австрискиот специјалист за обезбеден транспорт All Fresh Logistics, со телематиката TrailerConnect® и специјалниот систем за затворање врати од Schmitz Cargobull, овозможува безбедна и достојна испорака на вредниот товар до клиентите.

Со TrailerConnect® паметно и безбедно до целта

Вредниот товар има потреба од поединечна поддршка и најдобра заштита. Според овој принцип работи All Fresh Logistics од австриската општина Пух бај Халајн. На почетокот од 2004 година, логистичката компанија се насочи исклучиво кон транспорт на чувствителна роба, а тоа е случај и денес, како дел основата на услугите. Во текот на годината, претпријатието го прошири спектарот со обезбеден специјален транспорт, транспорт на фармацевтски производи и лгостика на настани.

За да ги задоволи своите услови за квалитет, All Fresh Logistics постојано се грижи за својот возен парк да поседува најнова технологија. Исто така, претпријатието се грижи за робата на клиентите да биде што подобро обезбедена. Под тоа, при обезбеден транспорт, се подразбираат товарање на кат, GPS-системи заедно со виртуелна географска станица, копче за во случај на паника во возилото и безбедносни механизми за заклучување.

Дел од вкупниот пакет се приколките со ладилници S.KO COOL SMART на Schmitz Cargobull. Сега скоро All Fresh Logistics нарача уште 15 нови возила. Тие го содржат системот за затворање врати TL3, управуван со телематика. Тој служи за да се спречи неовластен пристап до товарот. Системот за затворање врати TL3 се заснова на систем за затворање во задната врата, којшто не може да се види однадвор. При заклучување, еден шверт се движи од столбот на покривот и спречува неовластен пристап до товарниот простор.

Отклучувањето на системот за затворањее врати TL3 е заштитено со PIN-код и во секое време може се изврши преку порталот TrailerConnect®, апликацијата beSmart, екранот на ладилникот S.CU или преку Schmitz Cargobull KeyPad на предниот ѕид од приколката.

сериски вградениот систем за телематика TrailerConnect® содржи дигитален термограф и ја поддржува диспозицијата и при лоцирање и управување со приколката. Диспечерот во секое време знае каде е и во каква состојба се наоѓа возилото. Со апликацијата beSmart, за време на турата возачот добива известувања ако се утврдат отстапки од претходно утврдената норма. Со тоа не само што се надгледува температурата во приколката со ладилник, туку се и сопирачките и другите потрошни делови, што содржат сензори, постојано испраќаат информации. Возачите и диспечерите на All Fresh Logistics можат по потреба соодветно да реагираат.