Најдобри пријатели
Едно посебно партнерство
Од основање на компанијата во 1997 година, основачот и сопственикот Џероум Шислер има нарачано околу 200 приколки кај Вестфалија. И оваа година нарача уште 20 полуприколки со церада S.CS MEGA EXECUTIVE. Пакетот EXECUTIVE опфаќа и телематика за приколка TrailerConnect®, систем за контрола на притисок во гумите и целосен сервис за приколка и гуми.
Ако го запрашате Џероум Шислер, зошто се постојано се обраќа кон Schmitz Cargobull, ќе ви одговори: „Тоа е вкупен пакет од производен квалитет, услуга и советување, поради што за мене Schmitz Cargobull се незаменливи.“ Но тоа не е сè: „Ако во изминативе две децении имаше некаков проблем, можеше отворено да се разговара и Schmitz Cargobull правеше сè за да го реши проблемот.“
Компанијата од Киркел на тромеѓата меѓу Германија, Франција и Луксембург дневно испорачува 500 единици и постојано е на патиштата цела Европа за да ги задоволи автомобилската и хемиската индустрија и индустријата за потрошувачки производи. J.S. Logistics, во интерес на клиентите дава особена важност на професионално и непречено царинење за прекуморски транспорт. Во меѓувреме друг важен столб стана договорната логистика. Притоа фирмата-ќерка J.S. Industrieservice не се грижи само за транспорт и развивање од одделот за преземање роба или од портата на фабриката, туку заедно со своите вработени се грижи и за непречен движење на материјалите во фабриката.
На овој начин J.S. Logistics во минатите дваесет години стана комплетен доставувач, којшто може да понуди сè на едно место. Не е чудно што Џероум Шислер е воодушевен од целосниот пакет EXECUTIVE од фабриката Schmitz Cargobull: „Својот меѓу своите.“