McGregor Logistics

McGregor Logistics

„Нашите возила се носат голема тежина, но ние знаеме дека производите на Schmitz Cargobull се доволно издржливи и трајни, заради што нашиот товар воопшто не се оштетува.“ Кит Ло, извршен директор, McGregor Logistics

Со TrailerConnect® паметно и безбедно до целта

ПРЕДИЗВИКОТ
Меѓународната шпедитерска компанија McGregor Logistics со гордост нуди опширна и ефикасна услуга при транспорт, складирање и логистика на робата. Компанијата, основана во 2006 година, работи на британскиот остров, во ирска и има седишта низ цела Европа, во Вармсворт, Донкастер, Кардиф и на пристаништето на Тилбури. Компанијата пренесува и складира широка палета производи, заедно со комплетни товари, парцијални товари и распределба на палети. Тимот испорачува и пренесува и биомаса - гориво што се развива од органски материи, како на пр,. дрво, отпад, земјоделски култури, депониски гас и алкохолни горива. Заради тоа, McGregor Logistics има потреба од цврст и достоен возен парк што содржи полуприколки со церада и со тврда страна со оптимален капацитет на носивост.

РЕШЕНИЕТО
Денес повеќе од 70 проценти од возниот парк на McGregor Logistics се возила од Schmitz Cargobull, од кои 30 се MultiTemp-единици и 70 се полуприколкиу со церада со FIXED ROOF. Тоа е првата компанија што се одлучиза најновата приколка со церада со FIXED ROOF, којашто ги задоволува прописите за врзување на товарот DIN EN 12642 Code XL и којашто е опремена со специфичен преден ѕид за британскиот пазар. Системите содржат целосни церади и предна алуминиумска преграда со предни и задни аголни столбови од поцинкуван челик - конструкција што ја претпочитаат британските корисници, затоа што овозможува товарање стандардни палети низ страничниот отвор, без да има потреба од странично преместување. Шасијата MODULOS, којашто е предвидена за дополнителна цврстина и издржливост, содржи гаранција од 10 години против корозија на сите поцинкувани делови. Покрај тоа, приколките со церада поседуваат и заштита од пробивање со палетарка, јамки по должина на надворешниот рам и оските ROTOS на Schmitz Cargobull со гаранција од 1.000.000 km. За да се овозможи едноставно товарање и истоварање, приколките со товарна рампа Dhollandia со предупредувачки светла на платформата и систем за фиксирање колички. Директорот Кит Ло, којшто има 35 години искуство во логистика, вели: „Веќе многу години ги возиме приколките на Schmitz Cargobull, затоа што едноставно се најквалитетни. Приколките се најлесните што ги знаеме, со што се овозможува поголема носивост, а големиот број точки за врзување ни го олеснуваат транспортот на товарот што го испорачуваме.“ „Нашите возила многу се оптоваруваат, но ние знаеме дека производите на Schmitz Cargobull се доволно издржливи и трајни, заради што нашиот товар воопшто не се оштетува.“

РЕЗУЛТАТИТЕ

Примената на приколките на Schmitz Cargobull значително ги намалуваат времињата на неактивност и овозможуваат помали трошоците за McGregor Logistics во однос на испораката на стоки и во однос на помалата потреба од поправки и одржување. Малата тежина на приколките на Schmitz Cargobull значи поголема носивост, што овозможува помал број рути, што е од голема важност кај сите пратки, особено при испораката на ролни трева за олимпискиот стадион и големи фудбалски терени, затоа што приколката може да пренесува до 28 тона при едно товарање. Компанијата вели дека поседува приколки што ги користи веќе 15 години.
При поправките, McGregor Logistics се потпира на тимот на Schmitz Cargobull Parts and Services, којшто брзо ги испорачува резервените делови. Кит Ло вели: „Секогаш кога треба да замениме нешто, потребното време е неверојатно кратко. Вообичаено имаме испорака во рок од 24 часа, што ни овозможува максимална искористенот на нашиот возен парк, што е клучно за нашето ниво на услуга.“