Заштита на инвестицијата, благодарение на целосната услуга
Квалитет, брзина и безбедност
Квалитет, брзина и безбедност –тоа се карактеристиките што сака да ги поседува секоја фирма што се занимава со логистика со ладилници. Овие атрибути се дел од суштината на партнерските компании Transportes Anjofer и Transportes Orlando Ferreira од Мартелеира во Португалија. Без разлика дали се работи за зеленчук, овошје или цвеќиња, замрзнати производи, фармацевтски производи и слично: Сe треба да пристигне со првокласен квалитет, навремено и безбедно до целта.
Првокласниот квалитет не се стекнува од денес за утре, вели Орландо Фереира, еден од сопствениците на двете партнерски компании. „На пазарот сме присутни уште од 1989 година. Најпрво започнавме со транспорт на општа роба и со текот на годините постепено преминавме на транспорт со соодветна температура“, се потсетува тој. 2006 година се специјализиравме за висококвалитетен транспорт со ладилници.
За да го остварат ветениот квалитет, овие португалски компании поседуваат нов возен парк од камиони и 60 приколки со сертификат FRC, произведени од Schmitz Cargobull. „Уште од самиот почеток се одлучивме за приколки од Schmitz Cargobull“, вели Фереира. Притоа најмногу стануваше збор за полуприкола со тврда страна S.KO во изведба Mono или MultiTemp. Последниот пат на крајот од 2019 година купија две полуприколки со церада S.CS.
Притоа не беше само техничкиот квалитет на приколката тоа што ја убеди фирмата за логистика со ладилници од Пиринејскиот полуостров. „Имаме и потполна доверба во договорите за целосна услуга на Schmitz Cargobull“, вели Фереира. Тоа не е случајно: „Веќе многу години ја користиме сервисната мрежа на Schmitz Cargobull во нашиот регион и сме многу задоволни“, појасни директорот. Па затоа беше логично да размислиме за понудата со целосна услуга на Schmitz Cargobull. Фереира не зажали за одлуката за целосната услуга: „Целосната услуга ја штити мојата инвестиција во возилата, а моите клиенти понатаму имаат и придобивка од тоа, затоа што немаме повеќе проблеми со квалитетот, како на пр., ненадејни дефекти или подолги времиња на неактивност.“
Без разлика дали се работи за приколка, финансиски услуги, услуги од работилница, телематика или договори за целосна услуга –компанијата за логистика од Мартелеира се потпира на квалитетите на синиот слон