Ефикасност на квадрат

Ефикасност на квадрат

Транспортната компанија Reich набави две специјално опремени полуприколки со церада како комбинација EcoDuo. Филип Рајх ја користи комбинацијата EcoDuo во Финска. Компанијата извршува транспорт заедно со финскиот логистички партнер TS Logistics Oy.

Економија и Екологија како хармониско дуо во патниот транспорт на стоки

Филип Рајх, сопственик на транспортната компанија Reich Фимфов во Мекленбугр-Западна Померанија, од фабриката за полуприколку со церада на Schmitz Cargobull во Алтенберг набави две полуприколки со церада со POWER CURTAIN како комбинација EcoDuo. Комабинацијата EcoDuo –две стандардни приколки поврзаси со доли и влечени со влекач –може да се формира со специјално опремените приколки со церада . Филип Рајх ја користи комбинацијата во Финска. Компанијата извршува транспорт заедно со финскиот логистички партнер TS Logistics Oy.

„Се одлучивме за комбинацијата EcoDuo, затоа што во Финска постојано имаме рути од околу 600 километри за едно истоварно место. Во еден правец испорачуваме разни машински делови за автомобилската индустрија; а за назад испорачуваме дрво. Затоа имаме потреба од флексиблна комбинација од возила со голем товарен волумен“, вели сопственикот Филип Рајх, „а нашите клиенти се воодушевени од овој концепт“.

Возилата се опремени со задна спојка под подот за спојување со приколката доли. Цврстата шасија има поместено растојание меѓу оските со вртлива оска на Schmitz Cargobull и гуми на Schmitz Cargobull со димензии 385/55 R 22.5. POWER CURTAIN нуди конструкција без потпорни летви и содржи мрежеста церада за заштита од кражби.

Во Германија, два камиона ја носат приколката до ферибот, а по пристигање во Финска, двете приколки се спојуваат преку доли и комбинацијата - влечена само со еден камион –тргнува на пат.

„Во зависност од условите, можам јасно да си ја замислам употребата на оваа комбинација и за назначени рути во Германија. И од еколошка гледна точка има смисла“, додава Филип Рајх, „затоа што понекогаш работата можеме да ја завршиме и без еден камион. Дополнителна предност на комбинацијата EcoDuo во споредба со долг камион е што може да ја закачам стандарден камион и приколка, коишто пак можам да ги користам за други намени при секојдневниот транспорт“.

За транспорт во Финска, возачите добиваат посебна обука за оваа комбинација; слична на онаа за возење долг камион.

Редовно добивајте вести за нашата компанија, за нашите производи и услуги и за интересни приказни од клиенти.