Свежо до целта
Транспорт на фармацевтски и прехранбени производи - брзо, безбедно, ефикасно
Брзо, ефикасно и безбедно - тоа се вредностите, коишто ги поседува STI Freight Management од Дуизбург за транспорт со соодветна температура. „Само на тој начин можеме потврдиме дека чувствителните фармацевтски и прехранбени производи ќе стигнат свежи и неоштетени кај клиентите“, вели Оливер Екснер, одговорен за работа на пат.
Компанијата со успех ја следи оваа филозофија уште од основањето во 1983 година и работи со повеќе од 220 вработени на 12 локации. Веќе некое време Schmitz Cargobull ја поддржува компанијата од Дуизбург во одржувањето на квалитетот со модерни транспортни решенија. 30 приколки со замрзнувачи од типот S.KO COOL од новата генерација се наоѓаат во возниот парк на STI заедно со успешниот пакет EXECUTIVE и сите потребни сертификати, како HACCP, ATP и Cemafroid. „Приколките со иновативната телематика Smart Trailer овозможуваат флексибилен и безбеден целосен и парцијален транспорт при температура од -30 до +25 степени Целзиусови“, вели Екснер.
Со технологијата Smart Trailer на системот за телематика TrailerConnect®од Schmitz Cargobull, STI е сега може да изведува и контролира транспорт на вредна роба низ цела Европа. Термографот овозможува температурата на товарот да не биде ниту прениска ниту превисока. Километражата на приколката се определува преку прецизен одометар, којшто може да функционира и кога не е приклучен EBS-кабелот. „Заедно со сензорот за забрзување во уредот за управување со телематика можеме да забележиме и документираме дали приколката се движи или стои во место“, продолжува Екснер.
Друга позначајна карактеристика на S.KO COOL EXECUTIVE е и системот за затворање на вратата што се управува преку телематиката. „Денес тоа е задолжително при долгите рути низ Европа за заштита од кражба на вредниот товар“, вели Оливер Екснер. Системот за затворање е поставен во задниот ѕид и е поврзан со уредот за управување со телематика. Притоа, не се управува само преку уредот за управување на ладилникот, туку и преку апликацијата „beSmart“ или преку порталот за телематика во централата.
Одговорниот за работа на пат во STI е сто проценти задоволен од концептот Smart Trailer на Schmitz Cargobull: „Во моментот постепено го префрламе возниот парк на новата технологија за да може сите 150 приколки да ги задоволуваат истите високи стандарди од современата генерација на приколки со ладилници.“