Полуприколка со церада S.CS со SPEED CURTAIN
Отворено за секунда! Веќе товарате додека другите уште ја отвораат церадата.
Предности
-
Полуприколката со церада S.CS со SPEED CURTAIN се отвора многу брзо и товарот може веднаш да се товара или истовара.Прочитајте повеќе
-
Оваа исклучителна предност на полуприколката со церада S.CS со SPEED CURTAIN, пред сè, се истакнува кај честото товарање и истоварање при транспорт на кратки дестинации. На пример, при транспорт во хемиската индустрија и при распоред на товари со голем волумен помеѓу централните складишта и производствените погони во автомобилскиот сектор.
Прочитајте повеќе -
Директно товарање, без да Ви пречат столбови и потпорни летви!Прочитајте повеќе
Пет добри причини за SPEED CURTAIN
-
Пократко време на товарањеПократкото време на товарање го зголемува активното време на возење, затоа што SPEED CURTAIN може брзо да се отвори и затвори, а за помалку време може да се товари и истовари.Прочитајте повеќе
-
Широк опсег на сертификатиПолуприколката со церада S.CS со SPEED CURTAIN може да се користи со сите потребни сертификати за прицврстување на товарот, не само при транспорт на општ товар.Прочитајте повеќе
-
Побрзо товарање и истоварањеПри пратки од процесот Just-in-sequnce, SPEED CURTAIN го забрзува целиот логистички синџир, затоа што без средни столбови и потпорни летви може побрзо да се товара и истовара.Прочитајте повеќе
-
Помала потрошувачка на горивоБлагодарение на малите столбови, церадата на полуприколката S.CS со SPEED CURTAIN е постојано цврсто затегната. Тоа ги намалува отпорот на воздухот и потрошувачката на гориво.Прочитајте повеќе
-
Помал ризик од несреќи и повредиБез средни столбови и потпорни летви постои мала опасност од несреќи и повреди за возачот при отворање или затворање, затоа што не може да паднат потпорни летви и приколката може да се отвори од земја.Прочитајте повеќе
Прицврстување на товарот кај SPEED CURTAIN
За работите брзо да се движат: Со до 30 пара алки во надворешниот рам, товарот може да се прицврсти на скоро секоја точка со потиснување на товарот или со директно врзување. Во перфорираните шини, поставени на подот и прицврстени под покривот, влегуваат вертикални алуминиумски шипки, при што парцијалните товари може да се прицврстуваат наназад.
- Алките во поцинкуваната надворешна рамка се достапни и кога церадата е затворена. Секоја алка може да се оптовари со влечна сила од 2.000 kg (според DIN EN 12640).
- Сериски вградениот браник за палети на профилот од рамката спречува странично лизгање.
- Во покривот и подот на задниот дел можат да се вградат долги надолжни перфорирани шини (дополнителна опрема).
- Вертикалните алуминиумски шипки (дополнителна опрема) Овозможуваат брзо прицврстување на задниот дел при парцијални товари.