Strategic decision
Стратешко решение за технологија и услуга
На пазарот уште од 1996 година, TAE поседува возен парк од 200 возила, главно од Schmitz Cargobull. Тесната врска помеѓу двете компании постои повеќе од 15 години. Во минатите 10 години TAE купуваше возила само од германскиот произведувач. Миријам Перез, директорка во TAE и ќерка на основачот Еладио Перез, појаснува: „Компанија како нашата работи локално и меѓународно. Затоа имаме потреба од стратешки партнер, којшто ќе ни помогне да ги исполните потребите на нашите клиенти. Возилата на Schmitz Cargobull се опремени со најновите системи што се бараат на пазарот, а силното ориентирање кон клиентите на пазарот одговара на нашите вредности .“
Во TAE пред сe сакаме едно нешто: клиентите да бидат максимално задоволни. „Затоа пристапуваме кон секој клиент посебно“, појаснува Перез. „Ништо не е невозможно“ е мотото на каталонците од Меркабана во Барселона. Брзина, одговорност и точност се основата за ефикасност на TAE, вели експертот за логистика. Успехот во изминатите години покажа дека ова е добро за клиентите.
TAE не е убеден само поради квалитетот на возилата произведени во Сарагоса, туку и поради услугите на Schmitz Cargobull. Сите полуприколки S.KO COOL SMART го содржат пакетот EXECUTIVE PLUS. Во него спаѓа и транспортниот ладилник S.CU од најновата генерација со до десет проценти помала потрошувачка како и тековната генерација на системот за телематика TrailerConnect®, којшто Schmitz Cargobull го нуди по привлечна цена. „Благодарение на системот за телематика добиваме многу вредни информации, коишто ни овозможуваат да донесеме точни одлуки при водењето на работата и да го оптимизираме нашиот возен парк. Ова ни помага да бидеме попрофитабилни и поконкурентни и на нашите клиенти да им понудиме повеќе“, вели Хуан Ринкон, директор за операции во TAE.
На пример, преку GPS-системот за позиционирање, што е поврзан со системот за телематика, не овозможува само планирање на најкратките и најевтините рути за клиентот. „Во секое време можеме да им пренесеме информации на нашите клиенти за состојбата на нивната роба“, појаснува Ринкон. Тоа значи голема предност за компанија за логистика со ладилници во однос на конкуренцијата. „Пренесуваме чувствителна роба, како на пример, овошје и зеленчук или фармацевтски производи при температури од -30 до +30 степени Целзиусови. Затоа клиентото сака да знае дали робата ја достигнала целта во првокласна состојба“, појаснува експертот за логистика со ладилници.
Сите приколки со ладилници на TAE мора да ги задоволуваат строгите меѓународни ATP-прописи меѓународен патен транспорт за ладени производи. Со тоа се гарантира одржувањето на транспортот со ладилници, како и можноста за следење и хигиената при транспорт на овие производи. Податоците за тоа им ги испорачува на пиринејците системот за телематика TrailerConnect® од Schmitz Cargobull. Важните информации се пренесуваат 24 часа на ден во логистичкиот центар во Меркабарна, а таму се надгледувани и анализирани од страна на искусни диспечери.
Пакетот EXECUTIVE PLUS од Schmitz Cargobull не нуди само првокласни возила, ладилници и производи за телематика. Клиентот може постојано да смета на услугите од Schmitz Cargobull, како одржување и служба за дефекти.