POWER CURTAIN
Во логистичката индустрија сè се врти околу краткото време на товарање за да се зголеми брзината и ефикасноста на пренесување на производите. Овие услови ги исполнува полуприколката со церада S.CS или камионот M.CS/Z.CS со POWER CURTAIN од Schmitz Cargobull. Цврстината на конструкцијата е сертифицирана според DIN EN 12642 Код XL и се постигнува со издржлива церада со ремени од арамид и вградени челични жици.
Предности
-
Посебните услови на страничните ѕидови и прицврстувањето на товарот за транспорт на гуми, коишто се транспортираат во накосена позиција, сега се исполнети и сертифицирани.
-
Големата цврстина на страничниот ѕид, за сертификат за гуми за S.CS, се достигнува со механизам за дигање, се достигнува со механизам за дигање.
-
Без потпорни летви, а со тоа и полесно ракување и поголема безбедност при товарање и истоварање.
-
Прицврстување на товарот на задниот дел и при парцијални товари. Брзо, едноставно и точно прицврстување со закачување во јажињата во церадата.
-
Заштеда на трошоци при работа благодарение на конструкцијата без потпорни летви. Без загуба на потпорни летви, без оштетувања, помала опасност од повреди.
-
Пократко време на товарање и истоварање во споредба со стандардна конструкција.
-
Исплатлива замена за SPEED CURTAIN.
-
Цврста странична церада за заштита од кражба, заштита од недозволен пристап до товарот и од намерно кинење на церадата.
-
Голема цврстина на конструкцијата со стандарден сертификат според DIN EN 12642 Код XL, DL-регулатива 9.5 и со сертификат за пијалаци.
-
Голема ефикасност при транспорт благодарение на можностите за универзална примена.
Ракување
Силна - Ефикасно прицврстување на товарот на задната страна - и кај парцијален товар до 7500 daN - благодарение на јамките вградени во церадата.
Флексибилна - Три реда јамки во церадата овозможуваат флексибилно прицврстување на товарот на околу 60 cm. Јамките се достапни на разни места во приколката.
Дополнителна опрема за транспорт на гуми
Широк опсег на сертификати - и за транспорт на гуми и други стоки, што ја оптоваруваат страничната церада при транспорт. Цврстината на страничниот ѕид, при POWER CURTAIN за полуприколка со церада S.CS, се достигнува со механизам за дигање на потпорните шипки, којшто ја затегнува церадата
Прицврстување на товарот
Ефикасно прицврстување и при парцијален товар или при цврст товар без помошни средства.
Одлична, сертифицирана цврстина на конструкцијата
-
Кај полуприколката со церада S.CS, конструкцијата POWER CURTAIN е засилена со ремени од арамид. Арамидот е крут и покрај другото се користи за производство на непробојни елеци.
-
POWER CURTAIN се состои од засилена церада од многу цврст материјал.
-
Кај пократки возила, како камионот M.CS/Z.CS, конструкцијата е поддржана со вертикални и хоризонтални потпори.
-
Двете конструкции содржат вградена заштита од кражба.
-
Како дополнителна опција, POWER CURTAIN содржи и флексибилен систем за прицврстување на товарот при парцијално товарање со сила на блокирање до 7.500 daN.
-
Големата цврстина на страничниот ѕид, за сертификат за гуми, се постигнува со механизам за дигање на потпорните шипки, којшто ја затегнува церадата.
Пробно возење според DIN EN 12642 Код XL
Сертификатот според DIN EN 12642 Код XL докажува дека во конструкцијата на возилото може да се товара цврст товар благодарение на страничната церада и без дополнителни средства.
-
За Schmitz Cargobull, безбедноста е од најголема важност - сите конструкции се сертифицирани според DIN EN 12642 Код XL.
-
Овие тестови се под надзор на официјални и овластени институти за проверка и се означени со сертификат за прицврстување на товарот.
-
И POWER CURTAIN подлежи на опширни тестови. При тестирањето, конструкцијата се под максимален товар за да се симулираат екстремни секојдневни ситуации.
-
Видеото покажува кои сили влијаат врз церадата и на кои е докажано е отпорна.
Безбедноста на повидок
Копија од сертификатот според DIN EN 12642 Код XL се наоѓа на внатрешната страна од задната врата на полуприколката S.CS и на камионот M.CS/Z.CS опремени со POWER CURTAIN.
Исто така, на предниот и задниот ѕид се поставени етикети, коишто ја докажуваат цврстината на конструкцијата според DIN EN 12642 Код XL.
Етикетата за полуприколката со церада S.CS ги содржи следните информации:
- Податоци за пробен товар при разни висини
- Потребни потпорни летви: „0“.
- POWER CURTAIN нема потреба од потпорни летви.
Сертификати
Опширни сертификати за безбедност при секојдневниот транспорт.
DIN EN 1264 Код XL
Сертифицирана цврстина на конструкција како стандардна опција. Со сертификат според DIN EN 12642 Код XL, конструкциите на Schmitz Cargobull ги исполнуваат условите за засилени конструкции за прицврстување товар.M-B -регулатива 9.5
Во одделна регулатива со задолжителни методи за прицврстување на товарот, Mercedes-Benz AG овозможува беспрекорен транспорт до и од своите фабрики. Регулативата 9.5 на Mercedes-Benz сè повеќе се користи за транспорт во автомобилскиот сектор.Пијалаци
Конструкциите на возила според DIN EN 12642 Код XL, со надополнување дека се „соодветни за транспорт на пијалаци“, ги исполнуваат условите за палети за пренесување течности и буриња. Соодветни за еднослоен или двослоен транспорт на пијалаци.Гуми
Автомобилските гуми, коишто се транспортираат во накосена позиција, при транспорт легнуваат на подот и притискаат на страничните ѕидови. Стабилноста на конструкцијата се овозможува со дополнителна опрема во согласност со DIN EN 12642 Код XL.
Наши услуги
Медиуми
-
Кратки информации за полуприколка со церада S.CS POWER CURTAIN